СДСМ: Вељаноски да му го отстапи собранискиот кабинет на Џафери

by fokus

Избран е нов претседател на Собранието на законски и легитимен начин. Собраниското мнозинство има одговорност да ја формира новата реформска влада – порачуваат од СДСМ утрово.

„Вељаноски нема право за личните интереси на Никола Груевски да ја усложнува политичката ситуација и да го окупира противуставно и неделовнички кабинетот на претседателот на Собранието“, велат од СДСМ .

„Тој е должен да овозможи новиот собраниски претседател да влезе во својот кабинет и да продолжат демократските процеси. Новиот легитимен претседател на Собранието ќе испрати известување до Ѓорге Иванов дека е формирано демократско легитимино мнозинство и дека Иванов е должен да го додели мандатот  за формирање Влада. Избори нема да има“, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости