СДСМ: УЈП нема морално право да ги блокира сметките на граѓаните

by Фокус

-Според последните податоци од листата на должници, Советот за радиодифузија должи близу 800.000 евра!  МТВ, според истата листа, должи над 1.700.000 илјади евра.  А, над 180.000 луѓе живеат во Македонија со по 40 денари на ден! Македонија е дури 12 на листата по беден живот на Като институтот, од 180 земји! Над 21.000 фирми веќе се со блокирани сметки!  УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓаните за радиодифузна такса, реагираат од СДСМ  на денешната најава на Управата на јавни приходи дека од средината на месецов ќе почне присилна наплата за радиодифузна такса.

Од СДСМ велат дека и покрај ваквите состојби, УЈП лани блокирала  над 20.000 сметки, меѓу кои и на граѓани приматели на социјална помош, па дури и на невработени.

-Делата на оваа власт се извршители на врата, високи такси за присилна наплата, блокада и одблокада на сметки, сиромашни граѓани. Одговорот на граѓаните е јасен. Ниту можат ниту сакаат да плаќаат радиодифузна такса за национален сервис што информира под директива на власта, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

Поврзани новости