СДСМ: Ученици наместо на настава, се носат на средби со Груевски

by fokus

 Социјалдемократскиот сојуз тврди дека во голем дел од прилепските училишта се злоупотребуваат ученици и наставници да учествуваат во партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ, во работно време.

Регионален координатор на Комисија за образование на СДСМ, Леонардо Ковилоски тврди дека ученици наместо на настава биле носени да го пречекаат Никола Груевски.

– Тоа беше случај со посетата на Никола Груевски пред само неколку денови во Прилеп. Професорот по ФЗО, Дејан Јованоски од СОУ „Орде Чопела“ беше на пречек на Никола Груевски, заедно со неколку ученици. Директорот на ОМУЦ „Ордан Михајлоски-Оцка“, Игор Николоски, заедно со секретарот и неколку наставници, сите беа во пречек на Никола Груевски и отсутни од настава. Регионалниот претседател на СОНК, Златко Думбалоски, вработен во СОУ „Добре Јованоски“, како и наставникот Благојче Илиески од ФЗО, ООУ „Кире Гаврилоски“, беа исто така во пречек на Груевски. Сето ова се случува во спрега со директорите на училиштата, во работно време- рече Ковилоски.

Тој го посочи и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески за кој рече дека држи партиски говори во професорската канцеларија во Средното медицинско училиште.

Поврзани новости