СДСМ тврди дека обезбедиле мнозинство, Заев го чека мандатот од Пендаровски

by Фокус

Имаме обезбедено мнозинство за составување влада, велат од СДСМ откако Лајм и неколку други медиуми на албански јазик објавија дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се пред договор за формирање на нова влада со премиер-Албанец.

-Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми, заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти – коментираат од СДСМ.

Од таму додаваат дека во следните денови претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев.

Поврзани новости