СДСМ: Три владини медиуми со приходи од 3 милиони евра

by Фокус

-И „Радио слободна Македонија”, покрај „Курир” и „Република” е уште еден провладин медиум којшто молчи на каков начин се стекнува со високи, милионски приходи. Само овие три владини медиуми оствариле приходи од 3 милиони евра, за три години! Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?, прашува СДСМ во денешното соопштение.

Од СДСМ велат дека според Центалниот регистер, Радио слободна Македонија во 2012 година имала приходи од 2.000 евра, а во 2013 година приходите достигнале 242.000 евра.

-Нејасно е како само 1 вработен може да оствари приходи од 242.000 евра?  Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра. Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков. Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков, стои во соопштението на СДСМ.

 

Поврзани новости