СДСМ: Тодоров ги користи здравствените работници како изговор за матни бизниси

by Фокус

Никола Тодоров е соочен со кримнинална позадина на тендерите во здравството и затоа му затребаа медицинските работници кои наводно ги праќал во странство за да ги обучи за опремата во кутии која служи за бизниси, но не и за граѓаните, велат од СДСМ.

„Тодоров лаже и дека лекарите и медицинските работници можеле да применуваат методи од странство. Самите медицински работници признаваат дека е невозможно да применат успешни странски искуства во катастрофалните здравстени услови во Македонија. Медицинските работници работат во крш простории со мувла и отворени прозорци“, велат од таму.

Од опозициската партија обвинуваат дека поради политиките во здравството 80 проценти од времето лекарите го поминуваат на компјутер и тастатура наместо со пациентот, умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ, за речиси 30 проценти се зголемени трошоците на здравствените услуги…

Поврзани новости