СДСМ: Својата конфузија Мицкоски да ја замени со вистината

by fokus

Христијан Мицкоски денеска индиректно потврди дека македонскиот идентитет е обезбеден, реагираат од СДСМ на вечерашното интервју на Мицкоски.

-Во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија попладнево Мицкоски призна дека согласно Договорот „ние ќе бидеме Македонци“ со што паѓаат во вода сите измислени и неаргументирани изјави и прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ. Го охрабруваме Мицкоски, својата конфузија да ја замени со вистината, деструкцијата со поддршка на интересите на државата, на граѓаните и да каже ДА за македонската иднина, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости