СДСМ: Струјата е поскапена за 100%

by fokus 20:30
20:30

Социјалдемократскиот сојуз денеска обвини дека од 2006-та година до сега, цената на струјата ја зголемила за повеќе од сто проценти.

-Причина за тоа се криминалните политики на оваа власт во енергетскиот сектор, со кои се збогатија енормен број луѓе блиски до неа, на сметка на граѓаните-изјави претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.

- Advertisements -

Тој на прес-конференцијата прикажа сметка од 2006 година во која за потрошена електрична енергија биле потребни 622 денари, а денес за истото количество потрошена електрична енергија потребни се 1.820 денари.

– Тоа е повеќе од двојно бидејќи во неа власта вметна и други ставки што ја оптоварија финалната цена. Во 2011 година, оваа власт ја укина евтината струја и нè убедуваше дека тоа ќе значи  поголемо домашно производство, намален увоз на електрична енергија и намалени трошоци за електрична енергија.Фактите го покажуваат спротивното. Има пад на домашното производство на електрична енергија од цели 25 проценти. Имаме зголемен увоз на електрична енегрија за 38 проценти – рече Андреевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека Владата во изминатите десет години инвестирала преку милијарда евра во енергетски проекти и во модернизација на постојните енергетски капацитети.

-Успешно е либерализиран пазарот за електрична енергија, започна искористувањето на обновливите извори на енергија, а се обезбедени и соодветни услови за изградба на сончеви електроцентрали – стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани новости