СДСМ: Среде светска пандемија Мицкоски организира протести

by Фокус

СДСМ вечерва преку соопштение ѝ возврати на ВМРО-ДПМНЕ за протестите против аерозагадувањето, кои опозициската партија ги организираше вечерва во неколку градови во земјава, велејќи дека се опасност по јавното здравје.

„Денеска, за воздух протестира оној кој 11 години сечеше дрва во Скопје за сметка на криминалниот проект „Скопје 2014„. Протестите за спас на фотелјата на Мицкоски се најголемата глупост којашто лузерот можеше да ја смисли. Среде светска пандемија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ организираат протести на кои се кршат мерките за заштита од коронавирусот, а претходно кочеа проекти за обнова на болници, Мицкоски шеташе по кафеани и теретани, ширеа лажни вести и ја поткопува борбата со вирусот“, реагираат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, на протестот во Скопје ѝ порачаа на власта дека иако ветувала подобар квалитет на воздухот, четири години ништо не направила.

Поврзани новости