СДСМ: Спречивме уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 20:31
20:31

-Законот за владино рекламирање со кој власта сакаше да ја запечати корупцијата на медиумите со државни пари е повлечен благодарејќи на жестоката реакција на опозицијата – изјави пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев.

Опозицијата реагираше на предлог законот за владини реклами сметајќи дека на овој начин власта сака да ја легализира корупцијата вомиумите. Од СДСМ тогаш најавија дека ќе го оспорат предлогот со 500 амандмани.

Но, Владата ги претрка Социјалдемократите и сама го повлече предлог законот. Во известувањето испратено денеска до пратениците, потпишано од Никола Тодоров, нема објаснување зошто предлогот е повлечен.

Инаку, само три дена пред повлекувањето, министерката за информатичко општество Марта Томовска Арсовска, на собраниска комисија го бранеше решението како европско со кое ќе се стави ред во рекламирањето.

Поврзани новости