СДСМ: Спокојно за празников, многу брзо ќе има демократија и слобода

by fokus

Граѓаните да бидат спокојни во овие празнични денови. Многу брзо во Македонија ќе се живее во демократија, слобода, еднаквост, вредностите што граѓаните ги избраа на последните избори, порачаа утринава од СДСМ.

-Мнозинството граѓани се одлучија за заедништво и интеграција, а не поделеност и изолација. Унитарна Македонија ќе биде современа држава, во чекор со демократскиот свет, општество на сите граѓани, наместо на една фамилија. Тоа е единствениот вистински пат по кој мора да се движи државата и тоа ќе се случи, бидејќи е мнозинска волја на граѓаните, се вели во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека многу скоро ќе се избере нов претседател на Собранието и нова реформска влада, согласно Уставот и законите на Република Македонија.

Поврзани новости