СДСМ: Специјално судско одделение не бeше дел од договорот

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз се задоволни од постигнувањето на вчерашниот договор меѓу политичките партиите, бидејќи како што велат се корегирала грешката од Пржино, односно било договорено прво да се исполнат реформите, а потоа да се одреди датум за избори.

Опозицијата, сака да има избори до крајот на годинава и велат дека затоа се откажале од условот преодна влада да има мандат од шест месеци и се согласиле на 100 дена. Но, под услов на 31 август, преговарачите да седнат на маса и да оценат дали се исполнети условите.

СДСМ стравува дека до овој датум владејачката коалиција намерно ќе го кочи спроведувањето на реформите со цел да нема избори до крајот на годинава, а одговорноста да ја префрлат на опозицијата со продолжување на спинот дека сѐ  е исполнето, но СДСМ се плаши да излезе на избори.

Во однос на предлозите во јавноста за формирање специјално судско одделение, од СДСМ велат дека тоа не било дел од пакетот во овие преговори, а судството ќе се реформира согласно препораките од Прибе.

Поврзани новости