СДСМ: Спасов веќе не смее да се појавува до деца во градинките

by fokus 11:23
11:23

Спасов не смее повеќе да се појавува до нашите деца во градинките, во социјалните центри, ниту има повеќе морално право да говори за права и одговорности на граѓаните, се вели во денешната реакција на СДСМ.

-Овој човек, дополнителен заменик министер за труд и социјлална политика во Владата возел пијан! Изудирал автомобили на граѓани, а можело да бидат деца, луѓе! Користел службено возило надвор од работно време, дури возилото не е од министерството каде што работи! Напиша скандалозна изјава дека тоа што го сторил не било “тешка сообраќајна несреќа“! Ја лажел полицијата! Ја оставил својата сопатничка на улица за да избега! Избегал од полцијата! Диме Спасов се обидел да избега од одговорност, наместо да се срами и биде совесен и влегува во нови лаги! Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Спасов, постапи непресметливо. Тој е лош пример за децата и за секој граѓанин. Тој е примерок од аздисаното, разулавено, криминално владеење на актуелната власт и ако не одговара ќе биде порака дека во оваа земја секој може што сака да прави. Затоа полицијата мора да го расветли инцидентот и Диме Спасов да се соочи со правдата. Правда во Македонија ќе има, за никогаш да не се повтори ваква власт, опасна по животот и имотот на граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението на СДСМ.

- Advertisements -

Поврзани новости