Од Социјалдемократскиот сојуз реагираа на денешното интервју на заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов, кој шест дена по сообраќајниот инцидент, излезе со тврдење дека е дел од криминално-полициска местенка.
-Од Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ го спремиле и го наместиле пред камерите на телевизијата на партнерот на Груевски, за да го раскаже филмот кој му го смислиле. Но, освен приказните за мали деца дека бил бркан, уплашен и наместен, од штабот не успеале да смислат одговор на ниту едно од клучните прашања:
Што правел Диме Спасов во 23 часот со службено возило на Агенцијата за вработување?Дали бил во алкохолизирана состојба? Зошто се обиде да излаже дека не возел? Зошто го испрати својот шофер да лаже дека тој, а не Диме Спасов го возел возилото Дали имал сопатничка во возилото и во кое својство била таа таму Зошто се криеше од јавноста и зошто не оди на работа?
Наместо да се извини за своето неодговорно и непресметливо однесување, Спасов, без тронка срам, реши најбезобразно да ја лаже целата јавност со евтини „финти“ и филмови. – порачаа од СДСМ.