СДСМ: Социјалните станови се делат на активисти на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Од Социјалдемократскиот сојуз денеска обвинија дека власта прави злоупотреби со доделувањето на социјални станови.

-На сите им е јасно како оди распределбата на социјалните станови и какви злоупотреби се прават со нив. На бодовните листи највисоко котирани се активисти на ВМРО-ДПМНЕ коишто имаат живеалишта, а најдолу се оние коишто се без дом и коишто живеат во импровизирани живеалишта. Такви примери има многу а највпечатливи се примерите во Ресен, Демир Хисар и Прилеп –  велат од СДСМ.

Од партијата го повикаа експремиерот Никола Груевски да објасни зошто беше срушено ромското маало под Кале, без претходно на граѓаните да им биде обезбедено друго живеалиште.

Поврзани новости