СДСМ: Состојбата во Гинекологија покажува колку Груевски и Тодоров се грижеле за здравството

by fokus

Состојбата на Клиниката за гинеколоија и акушерство (ГАК) ја докажува долгогодишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Никола Тодоров за здравјето и интересите на граѓаните  во изминатите 11 години, порачуваа од СДСМ откако новата директорка, Викторија Јовановска, ги објави лошите услови на клиниката што се потврди и со извештајот на здравствената и санитарната инспекција.

„Недостатокот на инкубатори, медицински сестри, лекари и анестезиолози, лошиот систем за терморегулација и вентилација, покривот што прокиснува, дотраените стерилизатори и појавата на влага во ГАК, се директна последица на долгогодишното криминално и расипничко владеење на Груевски и Тодоров, кои поради криминални интереси ги запоставија здравјето и интересите на граѓаните“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Владата презема иницијативи за унапредување на здравството.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство се свесни за сериозноста на наследените проблеми во ГАК и воопшто во здравствениот систем. Преку одговорен и ефикасен пристап, Владата предводена од СДСМ, презема иницијативи за надминување на проблемите, санирање на штетите и унапредување на здравствениот систем.

 

Поврзани новости