СДСМ: Со уставните измени децидно ќе се повикаме на конститутивните документи на АСНОМ

by fokus

Договорот ги потврдува македонскиот идентитет и државност, ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка ЗА европска Македонија, повикаа денеска од СДСМ.

-Разногласието и отсуството на став на Христијан Мицкоски не смее да биде причина за најважното прашање за иднината на државата да се шират невистини. Македонско -грчкиот договор го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност и никој нема да може да ги оспорува или негира. Зошто само  ВМРО-ДПМНЕ бега од тоа? Македонскиот идентитет да биде признаен од целиот свет, вклучително и од Грција? Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско -грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет. Со промените децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност, а согласно Спогодбата се дефинира дека ниедна страна нема територијални претензии кон другата. Ќе се обезбедат и гаранции за непроменливоста на државните граници на Република Македонија. Доколку навистина е за ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напушти матрицата на лажни вести и ќе даде поддршка на процесот што ја обезбедува македонската иднина, велат од СДСМ.

Поврзани новости