СДСМ со свои тимови на терен

by fokus

Акцијата за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна, продолжува и денеска. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со волонтери и активисти на СДСМ, со поддршка на специјализирани возила и денеска ќе биде со жителите на скопските населби погодени од невремето, соопштија од СДСМ.

Активностите  започнуваат во 11.30 часот, на влезот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје (влез во населбата, кај бензинската пумпа на „Макоил“)

Акциите за помош продолжуваат во населените места Инџиково, Црешево и Смилковци, а ќе биде поделана и хуманитарна помош во сите погодени подрачја.

Поврзани новости