СДСМ со обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ за кршење на протоколите: Инфектологот Марковски се расфрла со теории на заговор за Kовид-19

by Fokus

Коронавирусот за Христијан Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ е опасен само тогаш кога тоа им одговара на нивните дневно-политички агенди и кога глумат загриженост за здравјето. Во утринското соопштение на владејачката партија се наведени неколку тези, кои, според социјалдемократите, упатуваат на тоа дека „како и за се, така и за опасниот вирус, Мицкоски и неговата партија менуваат ставови по потреба .

-За Мицкоски вирусот беше опасен, па поради тоа правеше притисок за предвремените парламентарни избори, глумејќи загрижен лидер, на кого му било важно здравјето на граѓаните.
Од друга страна ни тој самиот не ги почитуваше здравствените протоколи, и поради него се отвораа теретани, се заклучуваа ресторани. Заменик-министерката за финансии во техничката влада Гордана Димитриевска Кочоска го закочи проектот од Светска банка вреден 90 милиони евра, средства наменети и за кревети за интензивна нега за сите инфективни одделенија во државата, за лабораториски капацитети. Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, инфектологот Вело Марковски, се расфрла со теории на заговор поврзани со коронавирусот, кои одат само на штета на здравјето на граѓаните. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, со организирање масовни собири за спас на фотелјата на Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, го загрозува и јавното и здравјето на своите приврзаници. Колку на Мицкоски му е важно здравјето на граѓаните покажува и однесувањето на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ која се обидуваше да го опструира Законот за здравствена заштита на населението од заразни болести во Собранието, велат од СДСМ.

Поврзани новости