СДСМ со европратениците: Избори во април нема да бидат признаени

by Фокус

Врвот на СДСМ попладнево оствари средба со европратениците Ховит, Кукан и Вајгл и како што соопштуваат од СДСМ, заеднички било констатирано дека по оценката на ЕУ и САД за неисполнетите услови за фер избори, на сите треба да им биде јасно дека евентуални избори на 24-април нема да бидат признаени од меѓународната заедница.

-Јасно е дека фер избори на 24-ти април не може да има. За да се создадат условите за кредибилни избори мора да се прочисти Избирачкиот список и да се спроведе реформа во медиумите. Победникот на изборите мора да има полн и чист легитимитет, за да се надмине кризата, да се обезбеди стабилноста на државата но и Македонија да тргне напред по европскиот пат, рекол Заев на средбата.

Европратениците на средбата информирале дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, за шест дена го одложи гласањето за Резолуцијата за Македонија, којашто требаше да содржи препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите со ЕУ.

Поврзани новости