СДСМ: Со денешното бегство Груевски докажа дека не го интересира државата

by fokus 14:21
14:21

Првата работа која пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја направат на денешната Седница е да им објаснат на граѓаните зошто Никола Груевски не е во Собранието и ја напушти државата, реагираат од СДСМ откако денеска Груевски беше снимен на аеродромот во Истанбул.

-Со денешното бегство од Македонија, Никола Груевски уште еднаш докажа дека не го интересира државата, туку единствено му е важно да избега од одговорност. На денот кога Македонија треба да добие нов претседател на Собранието, Груевски ја напушти државата покажувајќи дека државните интереси му се апсолутно небитни. Откако со недели внесуваше раздор и поделби, откако ги попречуваше демократските промени, Груевски на крајот, не можејќи да се помири со новата реалност реши да избега од државата. Бегството на Груевски, слично како и неодамнешното бегство на Ѓорѓе Иванов докажува дека тие немаат ниту минимум чувство за државата. Целокупното неодговорно и незаконско однесување на Груевски и Иванов е само очаен обид за спречување на промените и заштита на неколкумина од одговорност за децениското криминално владеење, се вели во соопштението на СДСМ.

- Advertisements -

Од партијата додаваат дека со или без Груевски во државата, Македонија ќе добие нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните предводена од СДСМ, која ќе се води од потребите и проблемите на граѓаните.

 

Поврзани новости