СДСМ: Со бегањето од седницата, „вмровците“ докажаа дека не мислат на граѓаните

by Fokus

Со напуштањето на собраниската седница ВМРО-ДПМНЕ потврди дека е несериозна партија и не мисли на граѓаните, реагираа од владејачката СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ денеска побегна од директно соочување на аргументите во Собранието и ја напушти седницата на која се разгледуваат важни прашања за граѓаните. Во ист ден претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев излегува на јавно соочување со Христијан Мицкоски, нешто што не беше замисливо последните 11 години во Македонија – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости