СДСМ: Сите институции и партии да покажат конструктивност

by Fokus

Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси, реагираа денеска од СДСМ.

– Реафирмацијата на програмата на новата Влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи е покажување одговорност кон своите граѓани и својата држава. Веќе се нанесени штети на граѓаните со тоа што се оставени 5 месеци без нова Влада, а од завчера и без градоначалници и советници. Согласно деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател. Согласно Уставот, деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска влада – се наведува во партиското соопштение од СДСМ.

 

Поврзани новости