СДСМ: Сиромашните ќе плаќаат помалку, богатите повеќе данок

by fokus

Ќе воведеме фер даноци, посиромашните ќе плаќаат помалку, а побогатите повеќе, ветуваат денеска од СДСМ.

-Промените во даночниот систем ќе обезбедат поголема праведност во распределбата на доходот и богатството во нашата земја. Тоа ќе го направиме преку воведување на праведен персонален данок на доход, укинување на максималната горна граница за плаќање на придонесите на плати, воведување на праведно оданчување за поседување на повеќе имот, и посилно одначување на луксузот. Истовремено ќе обезбедиме голема транспарентност во трошењето на парите од Буџетот, праведност во плаќањето на некои јавни услуги и ќе работиме на зголемување на квалитетот на јавните услуги. Дополнително во секое семејство ќе влегува плата плус од поврат на 15% на ДДВ, стои во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека граѓаните чијашто основна дејност им е земјоделство и ги исполнуваат условите за паушално оданочување ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок на доход.

Поврзани новости