СДСМ: Што крие Иванов?

by fokus

Целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата. Последен доказ за тоа е неговото одбивање на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење преку која граѓаните во секој момент ги имаат на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари, велат од владејачката партија СДСМ, по соопштението од кабинетот на претседателот дека нема обврска да ја прифати алатката.

„По ваквиот потег, логично се наметнува прашањето што Иванов крие од граѓаните?   Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери. Во таа насока, Владата предводена од СДСМ и преку Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење и преку други механизми продолжува со спроведување на заложбите за целосно и навремено информирање на граѓаните за трошењето на нивните пари“, велат од СДСМ.

Поврзани новости