СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех

by fokus

Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех, велат денеска од владејачката СДСМ.

-Се поочигледна е неразбирливата нервоза за постигнатиот успех на Македонија којашто се манифестира во нивните изнесени лажни вести и измислици. Македонија доби кристално чист датум и утврден пат за подготовка за преговорите кои ќе започнат во јуни 2019. Во Извештајот на Советот на ЕУ, јасно е наведено дека Советот се согласува позитивно да одговори на напредокот на Република Македонија и го поставува патот кон отворање на пристап преговорите во јуни 2019 година. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека од „заробена држава” Македонија успеа да се врати на вистинскиот пат, на евро-атлантскиот пат на иднината и затоа очајно се обидува да ја манипулира јавноста, се вели во соопштението.

Поврзани новости