СДСМ: Растот на извозот потврда дека економијата се движи во вистински правец

by fokus

Владејачката СДСМ преку соопштение истакна дека Државниот завод за статистика дава уште еден доказ дека нивните политики во економијата се успешни и даваат резултати.

„Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – април 2018 година, изнесува 1 милијардa 771 милион и 121 илјади евра, што е за 14,3 отсто повеќе споредено со истиот период од 2017 година“, соопштуваат од СДСМ.

Од таму велат дека има рекорден влез на странски инвестиции од 235 милиони евра во првите три месеци од годината.

„Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да ги спроведува зацртаните мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, нови работни места, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани“, соопштуваат од владејачката партија.

Поврзани новости