СДСМ: Провизии од договорите со странските инвеститори завршувале во џебот на Груевски и неговите партнери

by fokus

Груевски, Делев и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се видно исплашени од вистината што ќе излезе на површина по владината одлука за декласификација на информациите за склучените договори на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ со странски компании, соопштуваат од СДСМ по одлуката на Владата за отпочнување постапка со која ќе се декласифицираат договорите склучени со странски инвеститори.

„Очигледно е, дека Делев и Груевски стравуваат дека граѓаните ќе дознаат колку од нивните пари што по разни основи влегувале во буџетот на Република Македонија на крајот завршувале како провизии во џебовите на Груевски и неговите дил-ориентед партнери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека постои зголемен интерес на компаниите за инвестиции затоа што бизнис климата во земјава се подобрува, а економијата и државата, велат од партијата, се движат во добар правец откако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се во опозиција.

Поврзани новости