СДСМ: Пропаганда на власта наместо локални патишта

by Фокус

-Ова е реалност во којашто живеат граѓаните од населните места во општина Долнени, Црнилиште, Ропотово, Лажани, но и во многу други места ширум Македонија. Реалност што не може да се види на провладините медиуми платени со милионски суми пари на граѓаните за ширење на лаги. За три години Никола Груевски потроши 20 милиони евра за медиумска пропаганда а само со 2,5 милиони евра се решаваат сите проблеми во едно населено место, пат, водовод, канализација, велат од СДСМ.

Од таму пресметуваат дека со 20 милиони евра, пари на граѓаните, можеше да се обноват 400 километри локални патишта за голем дел од селата во Македонија. Катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат локалните патишта во Македонија се последица на криминалното владеење на Никола Груевски и фамилијата.Од криминалните политики на Никола Груевски останаа само дупки.

Поврзани новости