СДСМ преку пратеничката група бара укинување на екстерното

by Фокус

Укинување на екстерното тестирање, зголемување на минималната плата на 11.000 денари и подобрување на транспарентноста на трошење на буџетот бара пратеничката група на коалицијата на СДСМ. Законските измени на вкупно пет закони веќе се поднесени во процедура и, како што рече координаторот Горан Сугаревски, очекуваат да добијат поддршка од сите пратеници во Собранието бидејќи со нив ќе се подобри животот на граѓаните.

– Со проектот за екстерно тестирање децата беспотребно се изложени на стрес што влијае на нивната емотивна состојба и може до остави трајни последици. Со зголемување на минималната плата од 9.590 на 11.000 денари ќе се подобри стандардот на граѓаните со најниски примања – рече Сугаревски.

Со измените на Законот за буџет, треба да се подобри транспарентноста на буџетот, односно да нема скриени ставки, бидејќи тие овозможуваат коруптивно однесување на власта.

– Според пресметките, за да се зголеми миниламлната влада се потребни пари колку за Панорамското тркало, така што нема оправдување зошто овој предлог не би се прифатил – рече Сугаревски.

Поврзани новости