СДСМ предлага итни мерки против загадувањето

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз смета дека само нова Влада ќе може да го реши проблемот со аерозагадувањето, кое дневно достигнува и над 20 пати повеќе од дозволената граница.  Од партијата предлагаат неколку мерки за намалувањето на загадувањето, кои велат дека ќе бидат разгледната на првата седница на владата.

– Намалувањето на загадувањето бара системски пристап од одговорна власт. Како итни мерки, во деновите на високо загадување ќе воведеме бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје и на другите поголеми градови и привремено ќе бидат запрени сите градежни активности.

Ќе го зголемиме законски загарантираниот процент на зеленило во урбаните средини. Ќе овозможиме субвенции и поволни кредити, за компаниите да можат да вградат најсовремени еколошки филтри. Ќе гасифицираме, по принципот на Струмица и Куманово, уште 32 града во Македонија. Ќе субвенционираме и фотоволтаични уреди за користење на сонцето како природен енергенс….За нас здравјето на граѓаните е приоритет број еден. Тие тоа го знаат и затоа избраа промени – велат од СДСМ.

Поврзани новости