СДСМ: Пратениците на ДПМНЕ да ја одблокираат работата на Собранието, наместо да штитат криминали

by Fokus

Пратениците на ДПМНЕ ги коќат демокртаските процеси во Собранието, сметајчи дек така можат да го заштитат раководството од одговорност за правените криминали на штета на граѓаните, изминатите 10 години, реагираа денеска преку сооопштение од СДСМ.

– Ниту Никола Груевски, ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои си реплицираат сами на себе во Собранието, погазувајки го сопственото достоинство, нема да ги спречат промените и правдата. Околу 700.000 граѓани избраа промени и правда и тоа ќе се преточи во институциите на системот. Мнозинството граѓани во Македонија се изјаснија против партиски судови во кои нарачани пресуди пишуваат судии од тефтерчето на Јанкулоска и фамилијата – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, судството и јавното обвинителство во голем дел ја штителе корупцијата на највисоките нивоа во досегашната власт.

– Потребна влада која ќе ги ослободи судството и обвинителството чија основна обврска е заштитата на основните човекови права. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја одблокираат работата на Собранието, наместо да штитат криминали – продолжува понатаму во соопштението.

Поврзани новости