СДСМ повлече два приговори, ДИК го одби и четвртиот

by fokus

Пред продолжението на седницата на Државната изборна комисија на која се одлучува по поднесените приговори, СДСМ повлече два од претходно поднесените приговори. Неофицијално, приговорите за избирачките места 1984 и 1983 се повлечени, бидејќи не можеле да ги променат изборните резултати.

Во моментов во тек е седницата на ДИК, а во меѓувреме Државната изборна комисија го одби и четвртиот приговор на СДСМ.

Пред ДИК повторно се собрани поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои скандираат „Македонија“, „ВМРО-ДПМНЕ“ и „Лопови“.

Поврзани новости