СДСМ: Постојат сериозни индиции дека ВМРО-ДПМНЕ со црни пари од странство корумпира медиуми за да работат против НАТО и ЕУ

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги погледне фактите кои отвораат сомнеж дека партијата на Христијан Мицковски со црни пари од Унгарија корумпира медиуми за да шират лажна пропаганда против државата, реагираат од СДСМ.

Според владејачката партија, опоозицијата со црни пари од странство корумпира неколку медиуми од Македонија.

„Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки медиуми дека извршителот на Никола Груевски, Мицкоски, со црни пари финансира партиски мегафони со це да шират антидржавна медиумска кампања – кампања против членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Факт е дека постои новинарско истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.

Факт е дека тоа се истите медиуми коишто режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт.

Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во којашто осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести.

Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.

СДСМ уште еднаш ги повикува институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво.

Како одговорна и демократска партија, СДСМ останува посветен на унапредување на слободата наговорот и слободата на медиумите, но,истовремено и на борбата против лажните вести, како и сомнителното финансирање на медиуми“, додаваат од СДСМ.

Поврзани новости