СДСМ: Попречување на транфер на власта е тешко противуставно кривично дело

by fokus

Домашната и меѓународната јавност очекуваат смирување на тензиите и овозможување услови за работа на новиот собраниски претседател и избор на новата реформска Влада, порачуваат денеска од СДСМ.

Укажуваме дека ова е врвен државен интерес и дека секое попречување е тешко противуставно кривично дело.

-Потсетуваме дека нарачателите и извршителите на обидот за убиство на пратеници во Собранието, како и насилието врз новинари и вработени во Парламентот, ќе одговараат за своите посапки. Денешната насилна реторика на организаторите на протестот и паралелните пораки по социјалните мрежи на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои поттикнуваат немири со лаги е уште една потврда за синхонизираното, организирано крваво сценарио во Парламентот со што е направено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и бебзбедноста, за што казните се повеќегодишни и затворски. Неопходно е лидерите на сите партии, институциите, граѓаните кои се злоупотребени на протестите да го сфатат својот дел од одговорноста и да овозможат продолжување на демократските процеси, се вели во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека парламентарното мнозинство, по законскиот и легитимен избор на новиот собраниски претседател, исклучиво според Деловникот, Уставот и законите ќе ја избере и новата реформска Влада.

Поврзани новости