СДСМ: Пописот е статистичка а не политичка операција

by fokus

Најавата на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат дека нема да го поддржат пописот повторно го покажува нивното антидржавно, неодговорно и деструктивно однесување, спротивно на националните интереси, реагираат од владејачката СДСМ по прес конференцијата на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ не сака да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција, важен процес за да имаме целосни податоци кои се битни за креирање политики и натамошен рамномерен развој на сите сфери во државата.

Пописот ќе биде спроведен согласно сите стандарди и прописи на ЕВРОСТАТ, целосно усогласено со меѓународните пракси.

Со Предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција повеќе никогаш да не се третира како политичко прашање кое ќе зависи од волјата на партиите и партиските лидери, туку како оперативно-статистичко.

Наводна загриженост на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго освен очаен обид оваа статистичка операција да се одложи и дополнително да се политизира.

Сите европски и светски стандарди се задоволени.

Поврзани новости