СДСМ поднесе кривична против судијката Поп Стефанија поради „Тврдина“

by Фокус

Опозицискиот СДСМ ќе поднесе кривична пријава за криминогената и незаконска одлука на судијката Александра Поп Стефанија да се прогласи СЈО за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислушување, каде се вмешани Гордана Јанкулоска, Горан Грујевски, најави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

– Прво, во кривична постапка, овластен тужител може да биде физичко лице или обвинителство. СЈО е токму тоа, обвинителство. Ова значи дека постапката е покрената е покрената од надлежен орган, СЈО. Второ, во конкретниот случај станува збор за предмет за којшто судот веќе има постапувано и носено решенија. За тоа, дали некој е овластен тужител или не, се оценува на почетокот на постапката. Ова е уште едно прекришување на законот. Трето, Републичкиот судски совет ја делегирал Поп Стефанија од судот во Неготино во судот во Скопје да суди предмети во Одделнието за прекршоци. Согласно оваа одлука, таа нема законско право да одлучува за предмети за организиран криминал. Оттука назначувањето на Поп Стефанија за судија во организиран криминал и судија во овој предмет е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Републичкиот судски совет и Правилникот за работа на Судот – вели Шилегов.

 

Поврзани новости