СДСМ: По шамарот од домашните банки ВМРО-ДПМНЕ е во паника!

by Фокус 16:57
16:57

Од позицискиот СДСМ реагираа на одлуката за зголемување на референтната каматна стапка на благајничките записи,  оценувајќи го тоа како „единствена шанса на власта да продолжи да се задолжува на грбот на граѓаните”.

– Срамот што Груевски сака да го скрие е десетгодишно свесно уништување на економијата. Додека Груевски и Ставрески ги зголемуваат каматните стапки за домашните банки, Европската централна банка ја спушти референтната каматна стапка на најниско ниво од нула проценти. Очигледна е паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи домашните банки го вклучија црвениот аларм. Единствена надеж за Груевски да продолжи со задолжувањата на грбот на граѓаните беше токму зголемувањето на каматните стапки, за што и јавно упати закана дека ќе изврши притисок врз гувернерот Богов за зголемување на каматните стапки на благајничките записи – се вели во соопштението.

- Advertising -

Во него се додава дека „каматната стапка на еврообврзницата издадена во 2009 година изнесува 9,875 проценти или двапати повеќе од еврообрвзницата што е издадена во 2005 година со каматна стапка од 4,625 проценти.“

 Инаку, НБРМ ја зголеми референтната каматна стапка на благајничките записи од 3.25% на 4%.

 

Поврзани новости