СДСМ преку соопштение реагираше на физичкиот напад од вицепремиерот Пешевски врз Саше Политико. Од опозициската партија велат дека „најблискиот соработник на Груевски, Владимир Пешевски, за овој брутален и срамен чин мора веднаш да поднесе оставка од функцијата заменик претседател на Владата“.

-Денешниот инцидент со физичкиот напад на Пешевски врз Ивановски покажува каква нервоза владее меѓу соработниците на Никола Груевски, по вчерашниот договор за нова Влада без Груевски, којашто треба да спроведе слободни и фер избори.  Инцидентот во којшто вицепремиер напаѓа човек и тоа сопственик на портал, за време на извршување на неговите работни должности не смее да остане без одговорност, стои во соопштението од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека овој насилнички и нецивилизиран однос на заменик премиерот Владимир Пешевски бил уште еден доказ какви нелуѓе седеле во Владата на Никола Груевски.

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.