СДСМ: Падот на Груевски е незапирлив процес

by Фокус

-Денеска победи Македонија! Ова е нов почеток за сите граѓани на нашата татковина, Република Македонија. Започнува нормализација на институциите и процес за создавање на одговорна власт којашто ќе работи само за интересот на граѓаните на Македонија. Граѓаните сакаат промени на лошите политики и тие промени ќе се случат на изборите на 24-ти април! Падот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е незапирлив процес., се вели во денешното соопштение на СДСМ по повод постигнатиот договор за новите министри и изборите.

Според СДСМ, со конечниот договор, Македонија победила за враќање на демократијата, слободата, еднаквоста и владеењето на правото,за подобар живот, за враќање на парите кај граѓаните и нивното достоинството.

-Македонија победува за младите да имаат обезбедена иднина дома, во сопствената земја. Победува европска Македонија! Македонија порачува: Збогум Никола, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости