СДСМ: Откако Коце Трајановски ги исече сите дрвја и го соголи Скопје, сега се фали со паркови

by Fokus

Откако ги исече речиси сите дрвја, откако го соголи Скопје, на Коце Трајановски му текна дека на градот му фалат зелени површини. Граѓаните на Скопје веќе ги препознаваат неговите лаги, реагираат од СДСМ.

– Коце ако сакаше Скопје да биде зелено, немаше да ги „бетонира“ парковите и немаше да ги исече клучните дрвореди во градот. Тој заедно со Никола Груевски ги трошеа парите на граѓаните за градски плажи, жални врби, палми, панорамски тркала, од кои никој не виде корист, освен нивниот џеб. Коце, досега имаше шанса да го реновира и градскиот парк, но тоа не го стори – се наведува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости