СДСМ: Оние коишто ја срушија правдата се вистинските виновници за палење на Уставот

by Фокус 19:30
19:30

Оние коишто ги уништија законот и уставот се вистинските виновници за рушење и палење на Уставот. Вистинските виновници се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ.

– Срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството, со надеж дека Груевски ќе се спаси од одговорноста, дека ќе ја спаси сопствената кожа. Политиката на Никола Груевски и фамилијата е одлика на криминал, корупција, беззаконие, како и на предизвикување на вештачки судир се со цел по секоја цена да се остане на власт. Масовниот одѕив на граѓаните на вчерашниот марш во одбрана на Уставот уште еднаш ја потврди граѓанската свест и граѓанската истрајност во борбата за слобода, демократија и европски вредности. Таа борба СДСМ ја продолжува заедно со граѓаните – почнуваат од СДСМ.

- Advertising -

Поврзани новости