СДСМ: Односот на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите доведе до руинираност на Музејот на Македонија

by fokus 13:35
13:35

„Состојбата со Музејот на Македонија, објект од историско и културно значење за граѓаните на Република Македонија, кој е целосно запуштен и руиниран со срушени плафони и мувлосани ѕидови, најдобро говори за тоа во каква состојба ги оставаше ВМРО-ДПМНЕ институциите и државата и како се однесуваше со културното и историското наследство“, стои во соопштението на СДСМ.

Тие додаваат дека со ова уште еднаш се потврдува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите на граѓаните на Република Македонија.

- Advertisements -

„Додека преку криминалните тендери за градење на лажен барок и споменици ги крадеа и трошеа парите на граѓаните, значајните културни интитуции и градбите од историско и културно значење беа занемарени и оставани да скапуваат и да се распаѓаат“, се вели во соопштението.

Од партијата велат дека новата Влада предводена од СДСМ ќе ги поправи сите штети што  ВМРО-ДПМНЕ им ги направи на граѓаните и државата во изминативе 11 години, а посебен акцент ќе стави на заштитата на објектите од културно и историско значење за граѓаните на Република Македонија.

Поврзани новости