СДСМ одговори на ВМРО-ДПМНЕ: Кривични дела се вашите криминали и провизии

by Fokus

Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ, поттикнувањето повисоки плати за работниците е одговорност на секој премиер, остро реагираа од СДСМ, откако ВМРО-ДПМНЕ упати критики кон премиерот Зоран Заев, поради како што велат од опозицијата, поткупување на гласачи за референдумот.

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, се целосно посветени и одлучни во процесот на градењето социјална држава, фер и еднакво општество за сите и повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија и пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста?

Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ правени континуирано години наназад, поттикнувањето повисоки плати за сите работници, треба да биде одговорност на секој премиер.

Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев остануваат посветени на заложбите за повисоки плати за сите работници и граѓаните на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард.

Слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено. Референдумот е најмоќна демократска алатка а гласот на граѓаните е конечен“, додаваат од владејачката партија.

Поврзани новости