СДСМ од утре ќе продолжи да „пука“ бомби

by Фокус 10:32
10:32

СДСМ од утре, најверојатно, ќе продолжи со објавувањето на снимките од прислушуваните разговори од проектот „Вистината за Македонија“. Лидерот на СДСМ Зоран Заев и вети на јавноста дека ќе објави ги сите аудио материјали со кои располага и тоа ќе го направи, без разлика на разговорите кои ги вршат со останатите политички лидери за излез од полтичката криза.

Необјавените разговори се однесуваат на случувањата поврзани со затворањето на телевизијата А1, петкратното  убиството кај Смиљковското езеро, но и полициските акции како Детонатор, Шпиoн.

- Advertisements -

Заев изјави дека пред почетокот на објавувањето, биле спремени 102 папки, односно „бомби“ со докази за криминал и злоупотреби, а пред големиот граѓански протест беа објавени 33.

Поврзани новости