СДСМ: Од Македонија се иселиле 626.312 луѓе

by fokus

Според податоците на Светска банка, од Македонија се иселиле 626.312 луѓе до крајот на 2013 година, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Кога ќе се додадат и иселените во 2014, 2015 како и оваа 2016 година, бројката на иселени е драстично поголема. Како што велат податоците на Светска банка, невработеноста, посебно кај младите, е една од главните причини за иселувањето. Никола Груевски и неговите извршители ги уништија сите шанси на младите, да можат во својата родна земја да заработуваат и тука да ја гледаат својата иднина. Во Македонија денес успеваат само криминалците и партиските послушници. Затоа младите бегаат во странство. Со Груевски Македонија не може да оди напред. Нови четири години со Груевски ќе значат дополнително зголемување на иселувањето, посебно на младите. На ова мора да му ставиме крај, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека тие имаат план како да ги задржат младите во Македонија, а тоа е преку повисока минимална плата до 16 илјади денари и повисока просечна плата до 30 илјади денари, преку поддршка на домашните фирми со 140 милиони евра за нови работни места, преку неповратни 10 илјади евра за сопствен бизнис на младите со добри идеи.

Поврзани новости