СДСМ: Oчајните обиди на Мицкоски за собирање на партиски потписи нема да го спречат пописот

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со својата деструктивна и крајно неодговорна политика да работи против граѓаните и против државата.Во време кога државата, по речиси 20 години се подготвува за попис на населението, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски се обидува да ја закочи и саботира оваа статистичка операција, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

-Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис нема да го спречат овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата. Овој потег на Мицкоски е само за внатрепартиска употреба и за исполнување на сопствени хирови.Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди и конечно, како држава ќе имаме целосни, прецизни и релевантни податоци кои ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој, велат од партијата.

Поврзани новости