СДСМ: Обврзницата е одложена, но не е откажана

by fokus 22:35
22:35

Откако во јавноста излегоа информациите дека власта го одложила издавањето на еврообврзницата, СДСМ излезе со соопштение во кое вели дека агентите го одложиле издавањето на еврообврзницата во вредност до 650 милиони евра, но истата не е целосно откажана.

-Одложувањето е потврда дека сите аргументи и апели за ова финансиското злосторство по налог на Никола Груевски од 650 милиони евра е незаконско и на штета на граѓаните, економијата и идните генерации се успешни. Синволвирани страни во процесот на издавањето на еврообврзницата, се обврзани да дејствуваат во рамки на важечката правна регулатива, велат од СДСМ.

Од опзициската партија додаваат дека нема да дозволат последиците од клиентелизмот, криминалите и расипничкото однесување да ги трпат идните генерации и дека ќе се борат за секој денар и за сите граѓани.

Поврзани новости