СДСМ обвинува дека власта прави список на нови гласачи

by Фокус 14:58
14:58

ВМРО-ДПМНЕ започна со препознатливи видови на политички притисоци и предизборна корупција во образованието, обвини опозицискиот СДСМ.

– Информациите доставени до СДСМ покажуваат со какви средства се служи власта во заминување во обид да изврши уште една изборна измама. Пред неколку денови од едно средно училиште од Скопје, од страна на МОН, се побарани податоци за учениците кои завршиле средно образование минатата година, кои треба да бидат доставени до 20 февруари. Бараните податоците се име и презиме на ученикот, број на мобилен телефон и меил адреса. Имено, се работи за идни гласачи кои за првпат ќе гласаат оваа пролет – посочи Петар Атанасов, член на Извршниот одбор на опозициската партија.

- Advertisements -

Поврзани новости