СДСМ: Нов протест на ВМРО за спас на фотелјата на Мицкоски

by Фокус
Денеска јавноста сведочеше на уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски преку таканаречен протест да си ја спаси фотелјата во белиот дворец, реагираат од СДСМ.
„Граѓаните одамна го прочитаа лицемерниот однос на Мицкоски и затоа на протестите што тој ги организира има се помалку луѓе, а како што се гледа и се помалку автомобили. Граѓаните многу добро знаат дека токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за 100 ја покачија цената на електричната енергија и ја укинаа евтината тарифа. Тоа, го покажуваат и официјалните податоци за цената на киловат електрична енергија, која, во 2006, годината кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта изнесувала 2.62 денари по киловат час во скапа и 1,31 денари по киловат час во евтина тарифа. Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 5,54 денари и не постои евтина тарифа“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека со доаѓањето на СДСМ просечно македонско домаќинство има помали сметки, односно заштедува над 300 денари месечно само со враќање на евтината тарифа.

Поврзани новости